Изјава на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов
|
Wednesday, 20 June 2018 09:28
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, реагира на сите изнесени невистини и закани од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина" на Канал 5 Телевизија:
- Го повикувам г. Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент. Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци.
|