Средба со потпретседателот на Народното собрание на Република Србија, г. Верољуб Арсиќ
Saturday, 27 January 2018 09:30   
There are no translations available.

potpretsedatel_na_sobranie_na_srbija_4Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава, денеска го прими потпретседателот на Народното собрание на Република Србија, г. Верољуб Арсиќ.

На средбата, претседателот Иванов упати честитки по повод празникот Свети Сава и подвлече дека српската заедница во Република Македонија има значајна улога во градењето на соживот во македонското мултиетничко општество.

Двајцата соговорници разговараа и за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Србија и за унапредувањето и продлабочувањето на севкупната соработка.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија своите односи со Република Србија ги развива во духот на добрососедството и во насока на натамошен развој на пријателството, додавајќи дека двете земји и двата народа ги поврзува долга историска и културна традиција, како и идентична визија за заедничка иднина во Европската Унија.

На средбата беа разменети мислења за случувањата во регионот, при што беше нагласена потребата од поголема регионална соработка и забрзување на евроинтегративните процеси за земјите-кандидати, како најсоодветен одговор за намалување на тензиите и за стабилен, безбеден и економски просперитетен Балкан.

  Back<<Назад