Средба на претседателот Иванов со премиерот г. Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г. Никола Груевски
|
Tuesday, 28 November 2017 23:38
|
|
There are no translations available.
На покана на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски.
Тема на разговор беа актуелните случувања. Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија.
Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина.
|