Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
|
Friday, 12 April 2019 12:40
|
|
There are no translations available.
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На церемонијата присуствуваа ученици од ООУ "Блаже Конески", Скопје, како и деца од градинката "Мини фини буџетчиња", Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
|