Средба со претставници на Стопанската и трговска комора на Бурса
Tuesday, 27 November 2018 20:55   
There are no translations available.

PRM_Bursa_01Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во градот Бурса оствари средба со претставници на Стопанската и трговската комора на Бурса.

Повикувајќи ги бизнисмените од Бурса да инвестираат во Република Македонија, претседателот Иванов во своето обраќање истакна дека двете држави и нивните институции вложуваат значајни напори за дополнително упапредување на соработката во областа на економијата.

„Република Македонија и Република Турција денес имаат исклучително добри претпоставки да се фокусираат на она што е најважно, економската соработка и инвестициите. Нашата држава нуди огромен број можности и прилики за инвестирање. Ние можеме многу повеќе и во инвестициите и во трговската размена", рече македонскиот претседател, додавајќи дека економските меѓудржавни договори го олеснуваат тоа.

Претходно, претседателот Иванов во областа Изник, ги посети историскиот храм „Аја Софија" каде што биле одржани двата Нијски Вселенски собори, Античкиот римски театар и познатата Фондација за чинии на Изник.

Утре, претседателот Иванов ќе оствари средба со Гувернерот на Бурса, г. Јакуп Канболат  со Градоначалникот на Бурса, г. Алинур Акташ и ќе одржи предавање на универзитетот „Улудаг".

PRM_Bursa_02

  Back<<Назад