Средба со сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ
|
Saturday, 18 November 2017 15:38
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ, генералниот викар на босанската надбискупија, монсињор Лука Туњиќ, жупникот дон Давор Топич и бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов.
На средбата, претседателот Иванов истакна дека нашата држава има длабока традиција на почитување на различните верски чувства, како и плодна соработка со Католичката црква и нејзината конструктивна улога како столб на меѓунационалната и меѓурелигиска коегзистенција.
Кардиналот Пулиќ кој е во пасторална посета на црквата во Македонија, му се заблагодари на претседателот Иванов за неговиот придонес кон настанот по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица и истакна дека со одбележувањето на нејзината канонизација беше испратена силна порака за Македонија.
Претседателот Иванов истакна дека граѓаните на Скопје се горди што живеат во родниот град на Мајка Тереза, место во кое таа ги стекнала добрината и правдината и место каде се негува традицијата на почит кон различноста, а почитувањето е повозвишена филозофија на толеранцијата.

|