Церемонија на свечена промена на државното знаме
Friday, 10 November 2017 13:42   
There are no translations available.

10Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата присуствуваа деца од претшколска возраст  од ЈУДГ "25 Мај" општина Гази Баба, Скопје, како и ученици од ООУ "Наум Охридски" од с. Булачани, Скопје.

Промената на државното знаме  на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното  знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад