„Во нашиот заеднички свет“- предновогодишна прослава за поддршка на децата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром | |
|
There are no translations available. Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваше на предновогодишната прослава во организација на здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром - „Мојот Свет“ и Германскиот културен центар. Целта на настанот, подржан од г-ѓа Маја Иванова, е да се подигне свеста на јавноста за поддршка на децата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром, како и можностите за нивна инклузија во нормалниот образовен процес. Воедно, со заедничкиот настап на децата, целта е уште од најмала возраст да се поттикне чувството за меѓусебна грижа и радувањесо најблиските. Во рамки на настанот насловен „Во нашиот заеднички свет“, беше одржана креативна работилница и приредена културно-уметнички и забавна програма во која учествуваа стотина деца преку изведба на рецитали, глума и песни на македонски и германски јазик. г-ѓа Маја Иванова во континуитет ги поддржува активностите и иницијативите на здружението „Во мојот свет“ и е покровител на Меѓународниот ден на аутизмот. Во рамки на прославата, г-ѓа Иванова на децата им подели новогодишни пакетчиња, посакувајќи им среќни новогодишни и божиќни празници.
|