Press Release
amb
Средба со амбасадорите и замениците-амбасадори на дел од земјите од групата пријатели на Република Македонија во ЕУ
Thursday, 29 October 2015 15:20
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од амбасадорите и замениците-амбасадори на дел од земјите од групата пријатели на Република Македонија во Европската унија: на Чешката Република, на Република Австрија, на Словачката Република, на Кралството Шведска, на Република Хрватска и на Република Словенија.

На средбата беше разговарано за последните случувања околу актуелната политичка криза во земјата и можностите за нејзино надминување.

Претседателот Иванов уште еднаш истакна дека очекува одговорно однесување од лидерите на сите политички партии, потписници на договорот, порачувајќи дека преземените обврски мора доследно да бидат реализирани и во рамки на предвидените рокови.

„Македонија е предолго време во политичка криза и сите политички партии мора да покажат максимална одговорност и доследно да ги исполнат сите обврски од договорот. Тоа е нивна обврска, и тоа е нешто кое го очекуваат граѓаните на Република Македонија", истакна на средбата претседателот Иванов.

Македонскиот претседател уште еднаш повика на разумност и на конструктивен дијалог, како единствен успешен начин за изнаоѓање решение, усогласување на ставовите и надминување на предизвиците.

Соговорниците, како претставници на земјите од групата пријатели на Република Македонија, ја изразија својата загриженост од неможноста политичките партии да постигнат согласност во однос на спроведувањето на политичкиот договор за излез од политичката криза. Се согласија дека политичкиот дијалог и стабилизирањето на политичката клима во земјата е од суштинско значење за европската и евроатлантската иднина на Македонија. Во тој контекст заеднички апелираа до политичките партии да заземат сериозен и одговорен пристап во однос на имплементирање на договорот и да се фокусираат на евроатлантскиот пат на земјата.

Потенцирајќи дека Република Македонија има вложено огромен труд, ресурси и посветеност за имплементирање на европските реформи, претседателот Иванов порача дека евентуалното назадување на патот на евроинтеграциите ќе претставува огромен неуспех за сите субјекти во државата и пред сè ќе влијае фрустрирачки и демотивирачки за македонските граѓани, кои во огромно мнозинство ја поддржуваат европската перспектива на земјата.
ambasadori_2

5
Средба на претседателот Иванов со бизнис делегација од Државата Катар
Tuesday, 27 October 2015 11:21
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими бизнис делегацијата на Државата Катар, која на покана на македонскиот претседател престојува во неколкудневна посета на Република Македонија.

Целта на посетата е унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Државата Катар, преку реализација на конкретни инвестициони проекти во различни области.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија има одлични политички односи со Државата Катар и изрази силна поддршка за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

Македонскиот претседател посочи дека постојат многу неискористени можности и потенцијали за соработка и дека во периодот кој следи неопходно е да се зајакнат контактите меѓу бизнис заедниците на двете земји, со цел реализирање на конкретни проекти.

Бизнис делегацијата од Катар изрази особен интерес за областите на земјоделието, производството на храна, енергетиката, телекомуникациите, градежништвото, инфраструктурата и недвижностите.

Во тој контекст, изминативе денови беа организирани и средби меѓу катарската делегација со институциите задолжени за привлекување на странски инвестиции, како и со домашни компании - членки на стопанските комори на Република Македонија. На средбите беа разгледани бизнис можностите за инвестирање и беа претставени поволностите што странските инвеститори ги имаат во нашата држава, оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати.

Посетата на катарската бизнис делегација во Република Македонија, следи откако на почетокот на годината претседателот Иванов оствари средба со Емирот на Државата Катар, Н.В. Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, како и со шеикот Калифа бин Јасим Ал Тани, претседател на катарската стопанска комора.
4

 
Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End
Page 57 of 175