| Писмо до Претседателот на Руската Федерација Дмитриј Медведев | |
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес упати писмо до Претседателот на Руската Федерација г-дин Дмитриј Медведев. Во писмото се изразува благодарност за гостопримството укажано од страна на Претседателот Медведев при неодамнешната посета на Претседателот Иванов. Следи текст на писмото:
Почитуван господине Претседател. Почитуван господине Претседател, Сакам да нагласам дека мојата земја високо ја цени Вашата и искрената и принципиелна поддршка што Руската Федерација во континуитет и ја дава на Република Македонија. За нас од посебно значење е принципиелниот став на Руската Федерација во користењето на уставното име на Република Македонија. Ова е нешто што исклучително се цени од граѓаните на Република Македонија и од мене лично, за што Ви упатувам искрена благодарност. Имајќи ја предвид блискоста, големото и искрено пријателство меѓу нашите држави и народи, сигурен сум дека во периодот што следи со заемен ангажман ќе ги искористиме сите можности за уште поинтензивна и посодржинска соработка. Оттука, еден од најзначајните и најсилните импулси во односите меѓу нашите две земји ќе биде и потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Искрено се надевам дека ќе ја имам пријатната улога на Ваш домаќин при потпишувањето на овој значаен документ. Со такво уверување и надеж дека наскоро ќе можам да Ве поздравам во Република Македонија и да Ви го возвратам гостопримството, Ви ги упатувам, господине Претседател, изразите на највисока почит. д-р Ѓорге Иванов
Неговата Екселенција |











