Велигденски ручек на г-ѓа Маја Иванова за сопругите на амбасадорите во Македонија
Sunday, 15 April 2018 14:46   
There are no translations available.

MI_35Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Република Македонија, при што беа посетени манастирската црква „Св. Андреја" и манастирот „Успение на Пресвета Богородица" на Матка во близина на Скопје.

На ручекот присуствуваа сопругите на амбасадорите на Европската унија, Русија, Чешка, Германија, Унгарија и Шведска.

Според г-ѓа Маја Иванова, Македонија изобилува со огромно културно и духовно наследство и затоа велигденскиот ручек, еднодневната прошетка и посета се одржаа во едни од најубавите скопски манастири - манастирската црква Св.Андреја и манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка од каде што заедно со сопругите на амбасадорите упатија пораки за мир, љубов, благосостојба, здравје, среќа, радост и убавини.

MI_13„ Оваа година е посебно значајна за Република Македонија затоа што одбележуваме еден неповторлив јубилеј, а тоа е 1000 - годишнината од Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување. Со оглед на тоа што Македонија е лулката од каде што е тргнато христијанството да се шири низ Европа за што сведочи и Библијата, особено ми е драго што со моите гостинки денеска можеме да присуствуваме овде", истакна г-ѓа Иванова.

Г-ѓа Иванова упати и повик до сите православни христијани - со посета на манастирите и црквите во текот на оваа година, да се вклучат во одбележувањето на овој голем јубилеј, затоа што е многу значаен за Македонската православна црква и за православната вера воопшто во Република Македонија.

Сопругата на рускиот амбасадор во Република Македонија, г-ѓа Лариса Шчербак на сите православни христијани им упати честитка со порака за мир и љубов.

„ Многу сум среќна што сум тука во овие свечени денови и би сакала да им посакам на сите православни во светот и на сите православни христијани во светот мир, пред се во светот, мир во нивните души. Љубов кон ближниот, љубов кон Христос. Христос воскресе!", порача г-ѓа Шчербак.

Сопругата на шведскиот амбасадор, г-ѓа Билјана Стафансон истакна дека овој настан кој го организираше г-ѓа Маја Иванова веќе прераснал во традиција.

„Ова е веќе традиција што г-ѓа Маја Иванова организира еден ваков убав настан за нас. Пресреќни сме и уживаме во овој прекрасен настан! ", рече г-ѓа Стафансон.

MI_22

 

Biography

The first lady of the Republic of Macedonia, Mrs Maja Ivanova, has a BC in law, and write poetry in her spare time.

Read More

Photo gallery

Maja_fotogal