|
Обраќање на Претседателот Иванов по средбата со Претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ
|
|
Monday, 12 July 2010 12:54
|
|
|
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов го пречека Претседателот на Република Хрватска д-р Иво Јосиповиќ, кој е во еднодневна посета на Македонија. Двајцата Претседатели имаа средба во резиденцијата на Претседателот Иванов Вила Водно. Следи текстот на обраќањето на Претседателот Иванов -
Почитувани претставници на медиумите, почитуван господине Претседател. Многу ми е драго и ми претставува исклучителна чест за мене и мојот народ што после неполни 5 месеци по инаугурацијата, хрватскиот Претседател, мојот колега и пријател - г-динот Јосиповиќ е во официјална посета на нашата земја. Ако на ова додадеме дека мојата прва официјална посета како Претседател ја остварив во Хрватска, заклучуваме дека односите меѓу Република Македонија и Република Хрватска ги одликува искрено пријателство. Оваа посета за мене е сигурен израз на нашите традиционално извонредни односи. Таа е и потврда за пријателството меѓу нашите народи и сметам дека е голем капитал кој во наредниот период треба да се зголемува. Со претседателот Јосиповиќ имавме исклучително корисна размена на информации и мислења за нашите стратешки цели. Зборувавме за европските и евроатланските перспективи на регионот и можам да го искажам задоволството што и на овој план одново се потврди дека меѓу нашите две земји постои највисок степен на разбирање, подготвеност за натамошна соработка и взаемна помош и поддршка. Господине Претседател, ја користам оваа прилика да се заблагодарам за досегашната успешна соработка и подршката на Република Хрватска кон Република Македонија во напорите за што поскорешно приклучување кон Северноатлантската Алијанса и ЕУ. Заеднички констатиравме дека приклучувањето на секоја држава членка од овој наш регион во меѓународните системи на безбедност и соработка, е важен чекор напред кон денот кога ќе можеме со право да кажеме дека Европа е една и единствена. Сигурен сум дека нема да мине долго пред нашата соработка и нашето пријателство да продолжи да се развива во рамките на големото европско и евро-атлантско семејство. Почитувани, со мојот колега претседателот Јосиповиќ разговаравме и за начините за натамошно продлабочување на нашите билатерални односи и нашата соработка. Ме радува што утврдивме дека постои голем број на можности за јакнење на соработката во сите сфери од заемен интерес. Посебен акцент ставивме на економската соработка. Констатиравме дека истата допрва треба да го достигне високото ниво на политичките односи и на можностите на двете економии. Имајќи ја предвид традицијата во соработката, и секако, препознатливоста и реномето кое хрватските производи ги уживаат во Македонија, како и македонските во Хрватска, верувам дека ни претстои етапа на поинтензивна и посодржинска соработка на овој план. Го отворвме и прашањето за односите на нашите две зедници односно за значењето на македонската зедница во Хрватска и хрватската заедница во Македонија. Како претесдатели се заложивме преку нашиот личен ангажман да придонесеме се повече тие заедници да бидат мост на приајтелство и поврзување меѓу нашите две земји. Ви благодарам на вниманието.
|