Честитика до францускиот претседател Саркози за раѓањето на неговата ќерка
Friday, 21 October 2011 09:12   
There are no translations available.

alt

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до претседателот на Француската Република, Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни, по повод раѓањето на нивната ќерка.

 

Почитуван господине Претседател,

 

Дозволете ми, во мое лично име и во име на моето семејство, Вам и на Вашата сопруга да ви упатиме искрени честитки по повод раѓањето на вашата ќерка. Се надеваме дека таа ќе ви донесе многу лична среќа и радост.

 

Дозволете ми, господине Претседател, да Ве уверам во моето лично високо почитување и во високата почит на македонските граѓани.
 

  Back<<Назад