|
Честитка до Претседателот на НР Кина, Ху Џинтао
|
|
Wednesday, 05 October 2011 09:27
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот празник на Народна Република Кина, испрати честитка до Претседателот на Народна Република Кина, Ху Џинтао:
Почитуван господине Претседателе, Ми претставува особено задоволство, по повод Националниот празник на Народна Република Кина, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата голема држава и благосостојба на пријателскиот кинески народ. Дозволете ми во оваа свечена пригода, да Ви упатам честитки и да изразам задоволство од фактот што, водена од визионерското мото „реформи и отвореност“, Народна Република Кина одлучно чекори кон економски напредок и благосостојба на своите граѓани. Високо го цениме и придонесот на Народна Република Кина во поддршката на мирот и мирољубивата коегзистенција во светот. Воедно, би сакал да ја изразам подготвеноста на Република Македонија за соработка во насока на натамошно унапредување на традиционално пријателските односи што се негуваат меѓу нашите земји и нашите народи. Уверен сум дека со заеднички сили ќе дадеме свој придонес за натамошно унапредување на односите и збогатување на соработката во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Сакам да ја нагласам нашата целосна подготвеност на тој план. Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, господине Претседателе, изразите на моето највисоко почитување. Д-р Ѓорге Иванов
|