Сочувство до Претседателот на Федеративна Република Бразил г. Жаир Болсонаро
Tuesday, 29 January 2019 15:29   
There are no translations available.

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до г. Жаир Болсонаро, Претседател на Федеративна Република Бразил.

Почитуван господине Претседателe,

Со жалење ги примив вестите за несреќата во градот Бурмадињо и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и за големите штети од оваа катастрофа.

Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Федеративната Република Бразил, но дозволете ми од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Искрено посакувам брзо обновување на разрушените домови и на погодениот регион.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад