Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Литванија
Friday, 17 June 2011 14:59   
There are no translations available.

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Литванија со седиште во Будимпешта, Н.Е. г-дин Ренатас Јушка.

Претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката која Литванија ја дава на Република Македонија за целосна интеграција во Европската унија, нагласувајќи дека процесот на евро и евроатлантска интеграција, претставува еден од клучните интегрирачки фактори и двигател на реформските процеси, поради што ужива  апсолутен политички и социјален консензус.

Претседателот Иванов и амбасадорот Јушка изразија заемна надеж дека економската соработката помеѓу двете земји во наредниот период ќе се интензивира, особено во сферата на трговска размена, земајќи ја предвид скорешната либерализација за трговија со индустриски производи.

„Република Македонија придава посебно значење на развојот на односите со Република Литванија. Верувам дека ни претстои период на поинтензивен политички дијалог на сите нивоа, и јакнење на севкупната соработка подеднакво на билатерален и на мултилатерален план. Верувам дека мерките и активностите што ги презема Владата на Република Македонија за постојано подобрување на инвестициската и вкупната деловна клима, ќе придонесат за унапредување на односите и на ова поле,“ рече Претседателот Иванов.
 

  Back<<Назад