| Претседателот Иванов во Софија на Меѓународна конференција за Балканот | |
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска од Варшава отпатува во Софија каде ќе оствари средба со бугарскиот претседател Георги Прванов, а потоа ќе учествува и на 13-тата Меѓународна конференција, „Балканот во Европа и светот во 21 век“, во организација на Балканскиот политички клуб. Меѓународната конференција почнува вечерва со свечена вечера која за членовите на Балканскиот политички клуб ја организира неговиот основач Жељу Желев. Претседателот Иванов на конференцијата ќе се обрати утре во рамките на сесијата „Балканот во ЕУ и НАТО интеграциите – достигнувања и разочарувања“. |











