|
Средба со министерот без ресор на Владата на Република Турција и главен преговарач за членство во ЕУ, Егемен Багиш
|
|
Friday, 25 March 2011 00:00
|
|
|
There are no translations available.
 Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска го прими министерот без ресор на Владата на Република Турција и главен преговарач на оваа земја за членство во ЕУ, г-дин Егемен Багиш.
На срдечниот и пријателски разговор беше искажано задоволство од воспоставеното ниво на пријателски односи и соработка меѓу двете земји. Претседателот Иванов ја искажа силната посветеност на Република Македонија за членство во Европската Унија како и целосниот ангажман за исполнување на сите неопходни критериуми што ќе и овозможат на Република Македонија да го продолжи започнатиот интеграциски пат во ЕУ.
Министерот Багиш ја повтори силната и безусловна подршка на Република Турција за евроинтеграциите на Република Македонија и рече дека двете земји треба да ја интензивираат соработката на овој план.
Двајцата соговорници истакнаа дека европската идеја е таа што ги поттикнува земјите и нашите народи да ги исполнат сите реформи кој нема да бидат само клуч за прием на нашите две држави во Европската Унија, туку ќе придонесат и за подобрување на целокупната политичка состојба во поширокиот регион на Балканот.
|