|
Традиционален работен ручек со амбасадорите на земјите од Вишеградската група
|
|
Thursday, 25 February 2016 00:00
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.
На средбата присуствуваа амбасадорот на Чешката Република, Н.E. г. Мирослав Рамеш, амбасадорот на Република Полска, Н.Е. г. Јацек Мултановски, амбасадорот на Словачка Република, Н.Е. д-р Мартин Безак, и амбасадорот на Унгарија, Н.Е.Јожеф Бенце.
Претседателот Иванов за заблагодари за личниот ангажман и посветеност на амбасадорите во унапредување на односите со Република Македонија. Македонскиот претседател го честиташе 25 годишниот јубилеј од формирањето на Вишеградската група и ја поздрави конструктивната улога на В4 како позитивен пример за успешно регионално партнерство и соработка.
На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и за последните случувања во регионот и Европа, односно за предизвиците во контекст на бегалската криза.
Македонскиот претседател ја поздрави политиката на В4 за отворени врати на НАТО, нивната континуирана поддршка на европската интеграција на Р. Македонија, како и поддршката во справувањето со мигрантската криза. Во таа насока претседателот Иванов ја поздрави усвоената декларација на самитот во Прага во која беше истакната целосна поддршка за заедничко европско решение на мигрантската криза.
Амбасадорите упатувајќи честитки за начинот на кој Република Македонија се справува со бегалската криза, истакнаа дека Вишеградската група и во иднина ќе биде посветена на односите со Република Македонија и ќе ги поддржува напорите за европската и евроатлантската интеграција, особено во текот на словачкото претседавање со Советот на ЕУ.
|