Писмо со сочувство до Претседателот на Р.Турција, г.Реџеп Таип Ердоган
Saturday, 10 October 2015 13:28   
There are no translations available.

erdogan1010Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до г. Реџеп Таип Ердоган, Претседател на Република Турција по повод терористичките напади во Анкара.

Почитуван господине Претседателе,

Со голем шок и длабока загриженост ја примив веста за терористичките напади во Анкара.

Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и cите злосторнички акти. Господине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот турски народ.

Сакам да знаете дека силно го осудуваме ова насилство кое се случи во Анкара, во форма на серија кукавички и грозоморни терористички напади. Искрено се надевам дека додека Република Турција поминува низ овие тешки моменти, целата меѓународна заедница ќе работи заедно во борбата против злото и во насока на интензивирање на постоечката соработка против тероризмот.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.


д-р Ѓорге Иванов
Претседател на Република Македонија

  Back<<Назад