|
Писмо со благодарност од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
|
|
Tuesday, 23 September 2014 10:45
|
|
|
There are no translations available.
Почитуван Претседателе,
Пред се сакам да истакнам дека чувствувам големо задоволство од тоа што Вашата Екселенција, претставувајќи ја Република Македонија присуствуваше на свеченоста на Примопредавање на Претседателската должност на 28 Август 2014 година. Исто така ви благодарам на упатената љубезна порака по повод мојот избор за Претседател на Република Турција.
Целосно сум убеден дека постојните пријателски односи помеѓу Турција и Македонија, кои се засноваат на силните историски, меѓучовечки врски и заеднички вредности, во наредниот период ќе се зацврстат уште повеќе и ќе продолжат да бидат придонес кон стабилноста на Балканот. Обостраните средби и соработката искажана на меѓународните средби, кои што со задоволство увидувам дека се интензивираат, ќе ги унапреди уште повеќе нашите односи кои се базираат на здрави темели. Сакам посебно да истакнам дека ќе продолжи поддршката на Турција кон процесот на интегрирање на Македонија во Евро Атлантските институции, пред се за нејзиното членство во НАТО.
Ја користам оваа можност да ги изразам моите најискрени желби за лично здравје и среќа на Вашата Екселенција и просперитет на пријателскиот и братски народ на Македонија.
Реџеп Таип Ердоган Претседател на Република Турција
|