Писмо со сочувство до Претседателот на Италијанската Република, Н.Е. г. Џорџо Наполитано
Monday, 29 July 2013 12:34   
There are no translations available.

napolitano1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, испрати писмо со сочувство до Претседателот на Италијанската Република, Н.Е. г. Џорџо Наполитано, по повод трагичната автобуска несреќа што синоќа се случи во јужниот дел на Италија.


Почитуван господине Претседателе,

Со големо жалење и тага ја примив веста за трагичната автобуска несреќа која се случи синоќа во јужниот дел на Италија, и длабоко жалам за загубените животи и за бројните повредени во оваа голема трагедија.

Во овие тажни мигови за Вас и Вашата земја, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое име, да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство.

Ве молам, господине Претседателе, на семејствата на настраданите да им пренесете длабоко сочувство за нивната загуба, а на повредените да им пренесете желби за брзо закрепнување.

Со изрази на длабока почит,


д-р Ѓорге Иванов


  Back<<Назад