|
Претседателот на Пратеничката група на ЕПП Јозеф Даул на средба со Претседателот Иванов
|
|
Tuesday, 22 June 2010 00:00
|
|
|
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес (22 јуни) се сретна со Претседателот на Групата на Европската народна партија во Европскиот Парламент, францускиот европратеник Јозеф Даул. На срдечната и пријателска средба Претседателот Иванов се заблагодари за добрата соработка, и принципиелната и цврста поддршка која Република Македонија ја има во односите со Европскиот Парламент и со пратениците од Европската народна партија. Претседателот Иванов на средбата ги претстави евро-атланските приоритети на Република Македонија, македонската цврста решеност за полноправно членство во Европската Унија и во НАТО и подготвеноста за исполнување на неопходните реформски зафати на тој пат. Претседателот Иванов го истакна исполнувањето на потребните предуслови за почнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија од страна на Република Македонија. Јозеф Даул го поздрави напредокот на Република Македонија во реформските процеси, и го поздрави интегративниот демократски модел на Република Македонија. Даул изјави дека е потребно во најкус можен рок Европскиот Совет да определи датум за почнување на преговорите за членство во Унијата за Република Македонија. Според Претседателот на Групата на Европската народна партија, Европската Унија има одговорност да придонесе кон интеграцијата на Балканот како дел од визијата за обединета Европа во која владеат мир и просперитет. Претседателот Иванов на средбата подвлече дека определувањето на датум за преговори и непреченото водење на преговорите за членство за Република Македонија ќе биде силен поттик за обединување околу амбициозната реформска агенда. Воедно, според Претседателот Иванов, преговорите ќе бидат и силен позитивен сигнал за другите земји од регионот и за заедничката евро-атланска иднина.
|