|
Претседателот Иванов прими претставници на CARNет
|
|
Wednesday, 10 March 2010 00:00
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес (10 март) прими претставници на Хрватската Академска Истражувачка Мрежа CARNet, Министерството за Наука, Образование и Спорт, и Факултетот за Електротехника и Информатика на Република Хрватска.
На средбата беа разгледани можностите што примената на новите технологии како што е информатичката технологија ги даваат за развојот на образованието, економијата, и општеството воопшто. Претставниците од Хрватска ги претставија можностите за заеднички настап на организации од Македонија и од Хрватска, за развој на информатичкото општество, како и за учење од меѓусебните искуства. Тема на разговор беше и безбедноста на комуникацијата преку интернет.
Кризата во општеството е време и на големи иновации. Правниот Факултет во Скопје е пример како со користење на информатичките технологии може да се постигне поголема ефикасност и транспарентност во оценувањето, и да се надминат бирократските пречки во работата. Собраното знаење на нашите институции, со помош на информатиката, може да се искористи за решавање на денешните општествени проблеми – изјави Претседателот Иванов на средбата. Претседателот Иванов, кој зборуваше за македонското искуство со компјутеризација на образованието и на судството, го потенцираше напредокот на Република Македонија во изминативе години за развојот на информатичкото општество и правење на современите средства и методи на комуникација подостапни на граѓаните.
Зоран Палди од Министерството за Наука, Образование и Спорт на Република Хрватска изјави дека за развојот на информатиката е полезно поголем број политичари и личности кои ги носат одлуките во општеството да имаат разбирање и активно да ги користат новите технологии. Според Палди, помалите држави, кои подоцна влегуваат во развојот на информатичкото општество, имаат можност да надминат цели фази во неговиот развој и да ги применуваат најуспешните и најновите светски достигнувања. За тоа, според Палди, потребна е соработка меѓу државите.
|