| Македонија е лидер во почитување на правата на Ромите - средба со лидерите на ромските партии | |
|
|
There are no translations available.
На средбата присуствуваа: г-дин Амди Бајрам, Сојуз на Ромите од Македонија, г-дин Шабан Салиу, Демократски сили на Ромите, г-дин Неждет Мустафа, Обединета партија за еманципација на Ромите, г-дин Самка Ибраимовски, Партија за целосна еманципација на Ромите, д-р Бајрам Берат, Партија за интеграција на Ромите. Лидерите на ромските партии, заблагодарувајќи се за поканата, го поздравија гестот на претседателот Иванов и истакнаа дека е од голема чест и важност за нив значењето кое Република Македонија го придава на Меѓународниот ден на Ромите. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија и натаму ќе се залага за унапредување на правата на ромската заедница и достигнување на степенот на целосна нивна инклузија во македонското општеството. Во овој контекст не помалку важна одговорност имаат и лидерите на ромските политички партии од кои се очекува да земат активно учество и ангажман за надминување на чувствителните проблеми со кои се соочува ромската популација, подвлече претседателот Иванов. Заеднички заклучок од средбата беше дека е потребена зголемена активност за целосно интегрирање на ромската популација во македонското општество, но и дека Република Македонија во европски рамки, е лидер во почитување на правата на Ромите, како рамноправни граѓани на земјата. Меѓународниот ден на Ромите - 8 април, е денот кога се прославува ромската култура, историја и идентитет, и се прават напори за подигање на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат Ромите во сите земји, како најголемо етничко малцинство во Европа. |
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите - 8 април, денеска ги прими лидерите на партиите на Ромите во Република Македонија.









