| Претседателот Иванов се сретна со романскиот патријарх Данаил | |
|
|
There are no translations available.
Македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов денеска во Букурешт, во рамки на официјалната посета на Романија, оствари средба со патријархот на Романската православна црква, неговото блаженство Данаил. Претседателот Иванов на средбата изрази благодарност што Романската православна црква го даде светото миро кога Македонската православна црква се одвои од Српската црква. Како што истакна Претседателот Иванов, решенија за проблемите меѓу братските православни цркви треба да се бараат само преку дијалог, а државите да го помагаат тој процес. Романскиот патријарх на средбата посочи дека имаат разбирање за проблемот на МПЦ и смета дека секоја црква има право на сопствен живот, идентитет и автокефалност. Го поздрави и го поддржа ангажманот на Иванов за мултиетничкиот соживот и верската толеранција во Македонија. Патријархот Данаил исто така предложи на нивните медиуми во идината да бидат емитувани емисии за длабоките корени и врски мегу двете држави и цркви. |











