Претседателот Иванов на првиот училишен час во ОУ „Гоце Делчев“
Thursday, 01 September 2011 11:11   
There are no translations available.

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со својот син Иван денеска присуствуваа на првиот училишен час и на пригодната свеченост во ОУ ,,Гоце Делчев’’ во Скопје по повод започнувањето на новата учебна година.

Претседателот Иванов им посака многу успех и потрага по нови знаења на сите првачиња во Република Македонија. Со овој прв ден почнува потрагата по знаење, знаење кое никогаш не завршува. Целиот живот ќе имате потрага по нови и нови знаења, но она што ќе го научите во основното училиште ќе биде вашиот живот затоа што првите чекори се на изворот каде е водата најбистра, а вие сте сега во оној момент кога ќе ја пиете најбистрата вода, кога ќе ги учите бројките и буквите, кога ќе учите за Македонија и дека вие сте тие што еден ден ќе ја водат државата, рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов, посакувајќи им на сите ученици успешна учебна година, многу петки, безгрижни училишни денови рече дека денешното присуство во ОУ ,,Гоце Делчев’’ му причинува посебно задоволство бидејќи раѓа драги спомени на времињата кога не така одамна токму во ова училиште учеше неговиот син Иван. Имајќи предвид дека како родител често го посетував ова училиште можам да потврдам дека навистина имате можност да се образувате во навистина квалитетно училиште со извонреден наставнички колектив кое со право го носи името на големиот македонски револуционер и деец и самиот учител Гоце Делчев, порача Претседателот Иванов.

Првачињата на првиот училишен ден беа пречекани со пригодна приредба подготвена од учениците од повисоките одделенија од ОУ ,,Гоце Делчев’’ во Скопје.

  Back<<Назад