Во Народната канцеларија на Претседателот Иванов се реализира крводарителска акција
Thursday, 16 June 2011 13:13   
There are no translations available.

altАлумни асоцијацијата на Иванов школата за млади лидери (ИСЛАА) и волонтерите од Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска организираа акција за дарување крв по повод Светскиот ден на крводарителството - 14 јуни.

Акцијата беше поддржана и од членовите на Кабинетот на Претседателот д-р Ѓорге Иванов.

Катерина Вељановска од Алумни асоцијацијата на Иванов школата за млади лидери посочи дека идејата ја реализираат во пресрет на летниот период кога честопати може и се очекува резервите на крв во клиниките да се намалат и до критичен недостиг.  alt

„Кога станува збор за хуманоста секогаш е вистинско време тоа да се стори, затоа што човечкиот живот е драгоцен, а можноста да се помогне, да се спаси еден живот е нешто што треба да го направи секој здрав и медицински способен човек. Со нас денес тука се и вработените во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој целосно ја поддржува оваа хумана акција, како редовен крводарител и хуман човек,“ истакна Вељаноска.

Таа ги повика граѓаните да даруваат крв и изрази надеж дека иницијативата ќе придонесе да се спречат случаите на недостиг од крв, но и да се помогне да се спаси нечиј живот.

„Се надеваме дека акцијата ќе ги поттикне сите граѓани во Република Македонија, посебно младите, да креираат чувство на општествена одговорност, особено кога се работи за спасување нечиј живот,“ нагласи Вељаноска.
 

  Back<<Назад