Македонија е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ - Средба со словачкиот претседател Гашпарович
Friday, 27 May 2011 20:27   
There are no translations available.

 

altМакедонија на Самитот на претседатели од Централна Европа ја обезбеди и поддршката од Словачка. На средбата на Претседателот д-р Ѓорге Иванов со неговиот е потврдена целосната поддршка на Словачка за членство на Македонија во НАТО и продолжување на интегративниот пат кон ЕУ.

„Позицијата на Словачка е јасна. Република Македонија е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ, и Македонија заслужи и ги исполни сите критериуми за членство во НАТО,“ истакна Гашпарович.

И на оваа средба една од темите беше спорот со името и во тој контекст Претседателот Иванов информираше за актуелностите во процесот за надминување на наметнатиот спор. Тој нагласи дека Грција неоправдано ја блокира Македонија во оваа фаза од интеграцијата во Унијата, додавајќи дека нашата земја трпи сериозни последици од таквите блокади во интеграциите.

Словачкиот претседател го увери Иванов дека прашањето за поддршка на Република Македонија ќе биде тема и на средбите на Вишеградската група.

Претседателот Иванов упати срдечна покана и до полскиот претседател Гашпарович за официјална посети на Македонија, која од негова страна со задоволство беше прифатена.

Македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов денеска и утре во Варшава учествува на 17-тиот Состанок на претседатели од Централна Европа. На состанокот е договорено следниот самит да се одржи во Украина на датум што ќе се совпадне со финалето на Европското првенство во фудбал.

  Back<<Назад