Претседателот Иванов постави камен-темелник на Институтот за современи композити и роботика на „Микросам“ во Прилеп
Saturday, 14 May 2011 00:00   
There are no translations available.

altПретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во саботата, 14 мај, во кругот на прилепската фабрика „Микросам”, присуствуваше на поставувањето камен-темелник на приватната научна установа „Институт за современи композити и роботика”.

„Микросам” ги има сите карактеристики да биде технолошка врела точка на развојот на Македонија во областа на високата технологија, композитните материјали и роботиката, рече сопственикот на „Микросам” Благоја Самакоски.

Инситутуот основан во февруари 2009 година, е првиот приватен институт од ваков тип на Балканот, со постдипломски и докторски студии врз концептот на Болоњскиот процес и македонските норми. Моментно има двајца редовни и тројца вонредни професори и тројца помлади истражувачи.

Зградата на Институтот што почнува да се гради, ќе зафаќа 1.000 метри квадратни површина од кои 400 метри квадратни ќе бидат лабораторија, а 600 метри квадратни се предвидени за изведување настава и за истражувања. Лабораторијата ќе биде опремена со најсовремени машини.

Целта на Институтот е да изгради соодветна истражувачка инфраструктура која ќе ја развие науката во областа на современите композити и роботика. Од основањето Институтот има објавено трудови и има настапувано на меѓународни конференции во Италија, Романија, Англија, Америка, Чешка и Словачка.
 

  Back<<Назад