Претседателот Иванов ги повика лидерите на подмладокот на политичките партии да се заложат за фер, мирни и демократски избори
Thursday, 12 May 2011 19:36   
There are no translations available.

altВо пресрет на предвремените парламентарни избори и пред самиот почеток на изборната кампања, а по повод две-годишницата од инаугурација за Претседател на Република Македонија, Претседателот д-р Ѓорге Иванов се сретна со лидерите на подмладокот на политичките партии кои ќе учествуваат на претстојните избори. Целта на средбата беше да ги поттикне да ги повика да се заложат и активно да придонесат за спроведување фер, демократски и мирни избори без насилство и изборни инциденти.

Претседателот Иванов им порача на младите политичари, кои имаат прилика често да се во непосреден контакт со граѓаните и политиката да ја учат на терен, да шират позитивен дух, да промовираат нови вредности и да воспостават позитивни примери за младите граѓани, но и за веќе етаблираните политичари. Да ги вложат своите напори поединечните случаи на инциденти за време на изборната кампања и за време на изборите да бидат однапред изолирани и да не се генерализираат.

На средбата, младите политички лидери покренаа иницијатива, поддржана скоро од сите нив, за потпишување писмен акт со кој ќе се обврзат дека ќе спроведуваат фер, коректна и демократска младинска кампања. Претседателот Иванов ја поддржа оваа иницијатива, охрабрувајќи го тој нивни чекор.

„Мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме во државата. По завршувањето на изборите се согласивме повторно да се сретнеме да поразговараме за сето она што се случува, да донесеме оценка заедно со лидерите на помладоците што е пропуштено или што не е направено и што е направено, и тоа да биде еден вид традиција која треба да се случува во државата пред и по секои избори. Изборите доаѓаат и поминуваат, а ние остануваме и ние сме тие коишто го креираме животот, како нашиот така и на сите тие што доаѓаат по нас,“ изјави Претседателот Иванов.
 

  Back<<Назад