| Претседателот Иванов на церемонија на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински | |
|
|
There are no translations available.
Со светата божествена литургија на која архимандритот Јоаникиј Ракотински беше прогласен за светец, чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на сите членови на Светиот архијерејски синод и свештенство од сите епархии. Претходно, свечената литија започна од мостот „Гоце Делчев“ со пренесување на моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински во Соборниот храм во Скопје. |
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов со сопругата г-а Маја Иванова, денеска присуствуваа на церемонијата на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински, што се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.









