Претседателот Иванов на инаугурација на претседателот на Република Србија, г. Александар Вучиќ
Friday, 23 June 2017 19:19   
There are no translations available.

vucik_inaguracija_3Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Белград присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на претседателот на Република Србија, г. Александар Вучиќ.

На свечената церемонија што се одржа во „Палата Србија", присуствуваа претседателите на Република Словенија, на  Република Хрватска, на Црна Гора, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и премиери, министри и претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот.

На инаугурацијата на новиот српски претседател, на која биле поканети околу пет илјади гости,  присуствуваа и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, премиерите на Унгарија и Австрија, заменик-претседателот на кинеското Собрание, како и престолонаследникот на Обединети Арапски Емирати,  шеик Мухамед Бин Зајед.

Претседателот Иванов утре ќе оствари билатерална средба со српскиот претседател,  г. Александар Вучиќ.vucik_inaguracija_8

  Back<<Назад