Претседателот Иванов го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија
Wednesday, 17 May 2017 11:23   
There are no translations available.

Zaev1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на г. Зоран Заев.


Почитувани претставници на медиумите,

Пречките за доверување на мандат за состав на Влада на Република Македонија се отстранети.

Денеска пристапуваме кон исполнување на член 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија за определување мандатар за состав на Владата на Република Македонија.

Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која има мнозинство во Собранието на Република Македонија, го предложи господинот Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандат за состав на Влада на Република Македонија.

Благодарам.

  Back<<Назад