|
Средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, амбасадорот Нина Суомалаинен
|
|
Tuesday, 21 June 2016 09:48
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, амбасадорот Нина Суомалаинен.
На средбата двајцата соговорници разменија мислења во однос на мигрантската и бегалската криза.
Претседателот Иванов подвлече дека со заштита на границата од заканата на илегалната миграција, Република Македонија ги штити границите на Европа.
Амбасадорот Суомалаинен истакна дека ОБСЕ ги поздравува успешните напори на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза, и ја изрази подготвеноста на ОБСЕ да помогне во справувањето со истата.
|