|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на заедничката средба со г. Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет, г. Томислав Николиќ, претседател на Република Србија, а на која присуствуваше и г. Јоханес Хан, еврокомесар за проширување, повторил дека Република Македонија има капацитет на својата територија привремено да прими само 2.000 лица од бегалците и тоа само при нивниот транзит.
Денешната средба е иницирана од претседателот Иванов, а со цел менаџирање на мигрантската и бегалската криза, бидејќи Македонија и Србија се транзитни држави што не се членки на Унијата и не учествуваат во процесот на носење одлуки и управувањето со кризниот менаџмент во рамки на ЕУ.
„Ние остануваме на бројот што беше пријавен за време на лидерската средба во октомври овде во Брисел. Како земја со два милиони жители, ние имаме капацитет од две илјади лица, но само кои транзитираат. Немаме капацитети да задржуваме лица, бидејќи нашата територија е куса, само 160 киолометри и нема потреба кај нас да се отвораат капацитети каде овие лица би биле згрижени доколку коридорот се затвори", посочи претседателот Иванов по средбата.
„Но, нашите капацитети, повторувам не се за згрижување на лица, туку само за обезбедување на привремен престој при транзитирање низ територија на Македонија", вели претседателот Иванов.
„Пред се имаме голем напив на фалсификувани документи. Има луѓе со лажни идентитети што се обидуваат статусот бегалец да го добијат со замена, користејќи таков идентитет. Тешко е проверливо од каде доаѓаат тие луѓе, бидејќи има само изјава и не можеме да им земеме биометриски податоци. Затоа, направивме дистинкција на средбата за хуманитарниот аспект на кризата, за што дават средства и ЕУ и меѓународните организации и овие средства одат за хуманитарните, невладини организации како "Црвениот крст", но безбедносниот аспект останува на нас државите што сме на коридорот, нашите најголеми трошоци се на овој аспект од кризата, бидејќи полицијата мора да ги проверува документите на лицата, а на оние што немаат документи да им зема биометриски податоци, а таква опрема немаме. Инсистиравме, и покрај тоа што досега самите се снаоѓаме, во поглед на безбедносниот аспект на кризата, Европскиот совет да го отвори и тоа прашање и да ни излезе пресрет на земјите што не сме членки на ЕУ, а сме на коридорот, како Македонија и Србија во однос на овие нови состојби", потенцира претседателот Иванов.
Македонскиот претседател вели дека се надева дека доколку се постават безбедносни контроли, тогаш сите оние што сега користат фалсификувани документи и лажни идентитети, дека нивниот број ќе се намали.
|