Иванов-Гутереш: Македонија и Србија клучни во менаџирање на мигрантската криза, ОН бара поголема помош од Брисел
Friday, 16 October 2015 07:44   
There are no translations available.

IVANOV-GUTERESH_1Македонија и Србија се клучни во менaџирање на мигрантската криза и Организацијата за бегалци на ОН (УНХЦР) настојува Брисел да овозможи поголема помош за овие две држави, истакнал високиот комесар за бегалци на ОН, г. Антонио Гутереш на средбата со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов во Женева.

На средбата, претседателот Иванов укажа на моменталните состојби со кои се соочува Македонија во врска со мигрантската криза. Во тој контекст претседателот Иванов ги посочи мерките и активностите што се преземаат при влез, транзитирање и излез на мигрантите во регионите зафатени со кризната состојба.

„Кризата укажува дека Република Македонија‎ и земјите од регионот треба да бидат интегрирани во сите структури на ЕУ, но и да ги разменуваат информациите и да имаат пристап до датабазите на ЕУ, НАТО, Шенген и Фронтекс. На државата и е потребна и помош, техничка, кадровска, но пред се финансиска, поради тоа што имаме ограничени капацитети за да пружиме помош и згрижување. Сите активности сеуште се финансираат од државниот буџет со минимална доделена помош од страна на ЕУ",истакна претседателот Иванов.IVANOV-GUTERESH_3

„Мигрантската криза не може да се реши со бирократски одлуки, туку со секојдневно менаџирање на теренот", рече претседателот Иванов, додавајќи дека Република Македонија ги следи и ќе ги следи сите мерки и активности што ги преземаат членките на ЕУ и нашите активности содејствуваат со нивните активности.

Претседателот Иванов ја посочи и потребата од опрема за регистарација на мигрантите и надзор на државната граница, како и потребната соработка и комуникација во воспоставување на мрежа на размена на податоци.

Високиот комесар за бегалци, Гутереш, истакна дека УНХЦР ќе настојува и ќе вложи напори Брисел да додели поголема помош на Македонија и Србија за менаџирање и справување со мигрантската криза. Тој ги поздрави напорите што државата ги вложува за справување со кризата и посочи дека организацијата ги следи сите активности на домашните институции и де‎ка УНХЦР и стои целосно на располагање на Македонија, како за непосредна помош, така и за лобирање пред ЕУ и другите регионални и глобални институции.

Заедничка констатација на претседателот Иванов и Високиот комесар за бегалци Гутереш, е дека Македонија мора да учествува во секоја фаза од изготвувањето и имплементацијата на заедничкиот европски одговор за мигрантската криза и дека е потребна поголема солидарност и споделување на одговорност меѓу државите во врска со овој предизвик, и дека тие мора да се покажат уште веднаш меѓу државите од ЕУ и Западен Балкан.
IVANOV-GUTERESH2

  Back<<Назад