Изложба во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија
Wednesday, 22 April 2015 12:26   
There are no translations available.

nk_skopjeВо Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје денеска е поставена изложба на минерали и кристали од Република Македонија, по повод Денот на планетата Земја - 22 Април.

„Идејата за прославување на Денот на планетата земја преку промоција на македонските кристали е да се даде нова опција и приод кон темата планета Земја. Обично одбележувањето најчесто е со чистење на животната средина, садење дрвја и цвеќиња", истакна промоторот на македонскиот рубин Дејан Шкартов.

Во Македонија, рече тој, скапоцените камења никогаш не биле третирани на начин на кој што треба, затоа што во минатото геолошките анализи биле насочувани кон индустриските потреби.

Шкартов посочи дека кога почнале да работат со скапоцени и полускапоцени камења и забележале дека во Македонија постои рубин, како и интересот од странски познавачи почнала промоцијата, но и заштитата на скапоцените камења особено на Македонскиот рубин.

  Back<<Назад