Средба со г. Живко Јанкуловски, Национален координатор за имплементирање на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Македонија
Friday, 17 April 2015 14:38   
There are no translations available.

jankulovskiПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими д-р Живко Јанкуловски, Национален координатор за имплементирање на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења и информации за надлежностите на националниот координатор во насока на намалувањето и справувањето со ризиците од катастрофи, преку ефикасно искористување на расположливите ресурси и капацитети на надлежните институции. Зборувајќи и за последиците од неодамнешните поплави коишто ја зафатија Република Македонија, беше истакната потребата од подобрена локална, регионална и национална координација на надлежните институции, за поефективен пристап кон намалувањето на ризиците и последиците од непогоди и катастрофи, преку превенција и рано предупредување.

  Back<<Назад