Средба со претставници на Македонско-Руската стопанска комора
Wednesday, 25 March 2015 10:12   
There are no translations available.

mk-rus_komoraПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на Македонско-Руската стопанска комора, по повод 10-годишнината од нејзиното основање.

На средбата беа разменети информации за активностите на Македонско-Руската стопанска комора, како и за севкупната економска и трговска соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

Упатувајќи честитки по повод 10-годишнината од основањето, претседателот Иванов изрази поддршка за активностите и иницијативите на Македонско-Руската стопанска комора, со цел натамошно унапредување на трговската размена.

На средбата претседателот Иванов апелираше за изнаоѓање на начини и можности за зголемување на извозот на македонски производи во Руската Федерација.

  Back<<Назад