Средба со државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција
Tuesday, 10 March 2015 14:41   
There are no translations available.

TodeshiniПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан - Марк Тодешини.

На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу Република Македонија и Француската Република, при што соговорниците констатираа задоволство за отворениот политички дијалог и изразија надеж за унапредување на севкупните билатерални односи во иднина. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбата во евроатлантските интеграции. Во тој контекст, македонскиот претседател посочи дека редовното и активното учество на Франција во регионалните инцијативи е конкретна потврда за француската посветеност на европската иднина на Балканот.

  Back<<Назад