Средба со Генералниот Секретар на Обединетите Нации, г. Бан Ки-мун
Friday, 26 September 2014 22:11   
There are no translations available.

BanПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации оствари билатерална средба со Генералниот Секретар г. Бан Ки-мун. На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи, г. Никола Попоски и пратеникот за разговорите што се водат во рамки на ОН г. Васко Наумовски

На средбата се разговараше за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации и беа разменети мислења и информации за процесот на разговори помеѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на разликата околу името што се водат под покровителство на ОН.

Македонскиот претседател го информираше Генералниот секретар за проактивниот и конструктивен пристап на Македонија во процесот.

Со нелегалните блокади на заслуженото членство на Република Македонија во НАТО не се создава амбиент на сигурност и стабилност на Балканот, и затоа ни е потребно Советот за безбедност да опстои на безусловно почитување на своите резолуции. Почитување на меѓународното право, меѓународните договори и пресуди е клучот за стабилен поредок во светот, потенцираше македонскиот претседател.

Во тој контекст претседателот Иванов дополни дека до решение е можно со поголема конструктивност, посветеност и добра волја, која во овој момент не постои од страна на нашиот јужен сосед, и со придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонскиот претседател потенцираше дека се потребни директни средби на високо ниво помеѓу официјални претставници на двете држави, во насока на надминување на статус кво ситуацијата.

Претседателот Иванов побара од Генералниот Секретар Бан Ки Мун процесот да добие поголем интензитет, и побара поголема ангажираност од страна на генералниот секретар за активност од страна на Обединетите Нации во процесот на изнаоѓање на решение за наметнатиот спор со Република Грција.

  Back<<Назад