|
Честитка на Претседателот Иванов по повод празникот Рамазан фитер Бајрам
|
|
Thursday, 09 September 2010 10:20
|
|
|
There are no translations available.
По повод верскиот празник Фитер Бајрам, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ја упати следната честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Еф. Реџепи, до Ријасетот на ИВЗ и до сите муслимански верници во Македонија: Дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име Вам лично на членовите на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија да Ви го честитам верскиот празник Рамазан фитер Бајрам. Во овие мигови на празнување посакувам кај сите верници да преовладува чувството на мир, љубов, толеранција и меѓусебно разбирање. Искусното водство на Исламската верска заедница, долгата традиција на практикувањето и празнувањето на исламската вера во Македонија и нејзините длабоки хуманистички традиции и пораки се извор на гордост на сите во Република Македонија. Сигурен сум дека муслиманските верници и понатаму ќе напредуваат лично и како заедница во рамките на нашата заедничка држава. Убеден сум дека како добри верници и верни сограѓани во континуитет сите заедно ќе продолжиме со добропознатата пракса на меѓусебно дружење и заедничко празнување не само на овој празник туку и на сите други верски празници, како што и јас лично ја имав можноста да го почувствувам гостопримството на муслиманските верници во текот на месецот Рамазан. Ова ни дава натамошен поттик и верба да продолжиме да работиме за продлабочување на традицијата на меѓусебно почитување, взаемна соработка и заеднички соживот. Добрата традиција на меѓурелигиозната толеранција и рамноправниот третман кон сите верски заедници и религиозни групи во Република Македонија покажува дека местото на нашата земја и е во рамки на европското семејство на нации и држави. Нашиот исклучителен придонес како земја во која вери, традиции и разни етнички групи соработуваат на градењето на заеднички дом, е доказ дека е можна подобра иднина за регионот, Европа и светот. Почитуван Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Еф. Реџепи, честитајќи Ви го уште еднаш Рамазан фитер Бајрам дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот на ИВЗ и на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија да им посакам здравје, среќа, добро расположение и духовен мир.
|