|
Честитка по повод празникот Рош Хашана до Еврејската заедница на Македонија
|
|
Wednesday, 08 September 2010 14:59
|
|
|
There are no translations available.
По повод празникот Рош Хашана, Еврејска Нова Година, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ја искористи можноста да упати честитка до Бјанка Суботиќ, Претседател на Еврејската заедница на Македонија, како и до сите припадници на еврејската заедница во Република Македонија: Почитувана г-ѓо Суботиќ, дозволете ми да во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име Вам лично и на сите припадници на еврејската заедница во Република Македонија да Ви ја честитам новата 5771 година според еврејскиот календар. Во ова пригода посакувам празничните мигови да ги поминете во добро расположение, спокојство, здравје, среќа и духовен мир. Воедно би сакал да го нагласам моето лично убедување дека припадниците на еврејската заедница во Република Македонија и понатаму ќе продолжат го даваат својот придонес за развојот и напредокот на Македонија како заедница на слободни и равноправни граѓани. Сметам дека моја лична обврска, како Претседател, и на сите политички фактори во земјата, е да им овозможиме на нашите граѓани услови во кои ќе можат во целост да го исполнат својот личен потенцијал, за да можеме навистина сите припадници на еврејската заедница, и сите граѓани воопшто, да кажеме дека Македонија е наш заеднички дом. Уште еднаш честитајќи ви го Вам лично и на припадниците на еврејската заедница овој празник, примете ги изразите на мојата исклучителна почит.
|