|
Писмо на сочувство по лизгањето на земјиштето во Кина
|
|
Thursday, 12 August 2010 00:00
|
|
|
There are no translations available.
По повод големиот број жртви во Народна Република Кина, предизвикани од лизгање на земјиштето, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со изрази на сочувство до кинескиот Претседател Ху Џинтао. Следи текст на писмото - Почитуван господине Претседател. Со длабоко жалење ја примив веста за обилните врнежи кои предизвикаа огромни лавини и лизгање на земјиште. Искрено жалам за изгубените животи, за големите штети предизвикани од оваа природна временска непогода. Во овие мигови на длабока тага за Вас, Вашата држава и пријателскиот кинески народ, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија упатувам изрази на најдлабоко сочувство. Ве молам, господине Претседател, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на настраданите и воедно сакам да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија искрено жалат за овој трагичен настан. д-р Ѓорге Иванов
|