|
Претседателот Иванов на средба со Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу
|
|
Thursday, 24 June 2010 00:00
|
|
|
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во својство на шеф на државата претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, во Стразбур се сретна со Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу. Тема на нивните разговори беа македонските приоритети за време на Македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа, како и приоритетите на Чавушоглу како што се јакнење на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, инвестирање во младината и инвестирање во различностите. По средбата, Мевлут Чавушоглу изјави дека не добил писмо со кое се бара од него да не го употребува терминот Македонско претседателство. - Не сум добил такво писмо, но ова е Македонско претседателство. Претходно беше Швајцарско претседателство, ќе следи Турското претседателство, а не претседателството на Турција. Следно е Украинското претседателство. Треба да ги почитуваме земјите според името со кое ќе претседаваат. Јас го користам терминот Македонско претседателство и тоа треба да се почитува. Прашањето е вистинска пречка во евроатлантската интеграција и се надевам дека тоа ќе биде решено што е можно поскоро. Добро е што премиерите на двете земји почесто се среќаваат - рече Чавушоглу на заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов рече дека не знае кои се намерите на оние кои се обидуваат повторно да го актуелизираат прашањето со именувањето на Македонското претседателство. - Ние сме тоа што сме. Ние претседаваме како Македонско претседателство и ги истакнуваме своите приоритети и цели што сме ги зацртале како држава. Не можам да зборувам во име на тие што ја отвориле таа дебата - рече Иванов. Претседателот Иванов на оваа трета средба со Чавушоглу во рок од пет недели, особено ја подвлече можноста како Македонија со своето искуство на градење модел на интеграција на различните идентитети без асимилација да помогне во реформите на оваа најстара европска организација.
|