| Претседателот Иванов на средба со Вагит Алекперов од Лукоил | |
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов во Санкт Петерсбург оствари средба со г-дин Вагит Алекперов, Претседател на руската нафтена компанија Лукоил. На средбата, на која присуствуваше и Заменик-Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Зоран Ставревски беше разговарано за иднината на соработката во енергетската сфера меѓу Македонија и Русија. Иванов и Алекперов зборуваа и за очекувањата од развојот на активностите на Лукоил во Република Македонија. Претседателот Иванов оцени дека Лукоил е компанија која веќе подолго време работи во Македонија, и за која македонските граѓани имале можност да утврдат дека се работи за солиден бренд кој ги поставува стандардите за македонските компании. Претседателот Иванов воедно оцени дека Македонија е енергетски пазар кој забрзано се развива и нуди можности за поврзување со големиот европски пазар. На средбата беше укажано дека Република Македонија врши реформи чија цел е отстранување на бирократските пречки кои го забавуваат или оневозможуваат привлекувањето на поголеми странски инвестиции во земјата. Г-дин Алекперов го претстави интересот на Лукоил за можноста за инвестирање во помали енергетски капацитети во Македонија. Претседателот Иванов од своја страна го покани г-дин Алекперов да ја посети Република Македонија. Вагит Алекперов, изразувајќи задоволство од инвестицијата на Лукоил во Македонија, нагласи дека истата е потврда за интересот на руските компании за инвестирање, и може да биде поттик за останатите компании на Руската Федерација за да го пронајдат економскиот интерес во Македонија. Воедно, информираше за развојот на компанијата која постигнува одлични резултати и тоа на глобално ниво. На средбата беше договорено во најскоро време да се оствари средба на експертско ниво, на која ке се разгледуваат и дефинираат правците на можната идна соработка. |











