|
Писмо на Претседателот Ван Ромпуј до Претседателот Иванов
|
|
Thursday, 17 June 2010 10:19
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј упати писмо до Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Писмото претставува одговор на честитката која Претседателот Иванов ја упати до Претседателот Ромпуј по повод 9 мај - Денот на Европа. Во писмото на Претседателот Ван Ромпуј се изразува благодарност за честитките упатени по повод 9 мај. Претседателот Ромпуј изразува уверување дека во својата работа во Европскиот Совет ќе ги има предвид прашањата покренати од страна на Претседателот Иванов во честитката од 9 мај. Претседателот Ван Ромпуј воедно вели дека личниот интерес на Претседателот Иванов за европските интеграции ќе биде вреден придонес за зајакнување на односите меѓу Македонија и Европската Унија.
|