|
Македонските каратисти на посета кај Претседателот Иванов
|
|
Tuesday, 15 June 2010 13:11
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес се сретна со група спортисти од Карате Федерацијата на Македонија. На средбата, Претседателот Иванов им честиташе на македонските каратисти на долгата низа успеси на сениорските и кадетските натпреварувања, вклучително и на бронзениот медал на Огнен Груевски, освоен на 45тиот Европски карате шампионат во Атина во мај годинава. Претседателот Иванов ги поздрави напорите на каратистите за претставување на Македонија како држава на млади и амбициозни спортисти. Претседателот изрази надеж дека со инвестициите во спортот, кој засилено се вршат во изминатите години, како и со укинувањето на визите со што се отстранува голема бирократска пречка за патување за младите луѓе, македонскиот спорт ќе добие можност порамноправно да се натпреварува со европските и светските спортисти. Во изминатите четири години, карате репрезентациите на Маедонија освоија 22 медали на европск и светски првенства во сите категории.
|