header

header_peperut_-_Copy3

Средба на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија, со г-ѓа Емине Ердоган, сопруга на Претседателот на Република Турција
Wednesday, 21 February 2018 13:58   
There are no translations available.

Maja_Ivanova_-_Emine_Erdogan_1Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, во рамките на официјалната посета на претседателот Иванов на Република Турција, оствари средба со сопругата на Претседателот на Република Турција, г-ѓа Емине Ердоган. Првите дами на Република Македонија и Република Турција на средбата разменија информации и мислења за нивните искуства и активности на кои досега се ангажирани и споделија информации за следните планирани ангажмани.

Г-ѓа Иванова се заблагодари за досегашната одлична соработка со ТИКА – Турската агенција за соработка и координација, со чија поддршка и под покровителство на г-ѓа Иванова се реализираа проекти во Република Македонија. Г-ѓа Иванова искажа благодарност за реализираните проекти на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, отворањето на првиот Ургентен центар на Детска клиника, кој свечено се пушти во употреба во декември 2013 година, и Проектот за комплетна реконструкција, односно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на Детска клиника, кој технички се пушти во употреба минатата година. Сопругата на претседателот Иванов нагласи дека со овие исклучително значајни проекти на Детската клиника поддржани од ТИКА се овозможија најсовремени услови за лекување и подобри здравствени услуги за најмалите пациенти.

Г-ѓа Ердоган, информирајќи ја г-ѓа Иванова за нејзините активности и проекти кои се спроведуваат под нејзино покровителство во Република Турција, искажа задоволство за успешното функционирање на двата реализирани проекти преку ТИКА и изрази интерес за посета на Детската клиника во првата прилика при посета на Република Македонија.

Во рамките на официјалната посета на претседателот Иванов на Република Турција, г-ѓа Иванова оствари средби и со г-ѓа Семиха Јилдирим, сопруга на Претседателот на Владата на Република Турција, и со г-ѓа Хулија Чавушоглу, сопруга на министерот за надворешни работи на Република Турција.

 

Biography

The first lady of the Republic of Macedonia, Mrs Maja Ivanova, has a BC in law, and write poetry in her spare time.

Read More

Photo gallery

Maja_fotogal